Истражување на научниците од Харвард: Луѓето кои ја јадат оваа храна живеат подолго и поздраво стареат

Точка

28/07/2025

12:00

1.394

Големина на фонт

а а а

Новата студија од Харвард открива дека усвојувањето на поздравите прехранбени навики во средната животна доба може значително да ги зголеми шансите за долг и здрав живот.

Научниците ја утврдиле моќната врска меѓу исхраната и богатите растителни намирници и т.н. здраво стареење, а своите откритија ги објавиле во угледниот магазин „Nature Medicine“.

Долгогодишно истражување открило клучни навики

Истражувањето опфатило дури 105.000 учесници кои научниците ги следеле во текот на 30 години, анализирајќи како исхраната во периодот од 39 до 69 години влијае на нивното здравје во подоцнежната животна доба.


Притоа „здраво стареење“ се дефинирало како доживување на 70-тата година од животот без хронични болести како срцеви заболувања, со зачувано когнитивно, ментално и физичко здравје.

Секој учесник добил оцена во зависност од тоа колку се придржувал до различни прехранбени модели.

Се докажало дека т.н. алтернативен индекс на здрава прехрана е моделот којшто го развиле на Харвард и којшто дал најдобри резултати.

Бројките биле импресивни: лицата кои најмногу се придржувале до AHEI принципот имале дури 86 отсто поголема веројатност за здраво стареење во 70-тата година од животот.

На 75 години нивните шанси биле 2,2 пати поголеми во споредба со оние кои најмалку ја поддржувале оваа препорака.

Препорака за мени

AHEI индексот нагласува внес на седум клучни групи намирници. Се препорачува исхраната да биде богата со овошје, зеленчук, цели житарки, мешунки и јаткасти плодови.

Покрај тоа, важно е да внесувате доволно здрави, незаситени масти додека пак млечните производи со низок индекс на масти се советува да се консумираат во умерени количини.


Од друга страна, постојат намирници чие консумирање треба да се стави на минимум или целосно да ги избегнувате. Тоа се однесува на засладени напитоци, црвено и преработено месо, трансмасти и прекумерно внесување натриум, односно сол.

Заклучокот од студијата е јасен:

„Начините на исхрана богати со растителни намирници, со умерено вклучување на здрави намирници од животинско потекло можат да го подобрат здравото стареење и да послужат како насока за идните прехранбени препораки“, истакнуваат авторите.