Вака Турците го подготвуваат гравот: Без месо, но една тајна состојка му дава врвен вкус

Точка

28/07/2025

16:00

1.725

Големина на фонт

а а а

Денеска ќе ви го пренесеме рецептот за гравче, но подготвено на турски начин.

Барбунија пилаки е традиционален турски рецепт, односно грав динстуван на маслиново масло, со кромид, лук и домат. И, да, необичната состојка е токму доматот.

Ова вкусно јадење кое Турците со задоволство го јадат за ручек е дел од мезето или прилогот за печено месо или риба.

Се служи на собна температура или ладен, а се сервира со малку сок од лимон и магдонос.


Состојки:

- 500 грама шарен грав;
- 3 моркови;
- 2 главици кромид;
- 1 зелена пиперка;
- 4 чешниња лук;
- домат;
- 3 лажици маслиново масло;
- половина лажичка шеќер;
- 1 шолја топла вода;
- магдонос;
- сол и бибер;
- свеж лимон.


Подготовка:

Потопете го гравот во вода една вечер пред да го подготвувате. Во текот на утрото процедете го и варете додека не омекне.

Во големо тенџере загрејте го маслиновото масло и додадете исечкан морков. Оставете да се динстува неколку минути, а потоа додадете го кромидот и пиперката. Мешајте околу пет минути, па додадете го доматот, лукот и шолјата топла вода. Зачинете по вкус.

Во смесата со зеленчукот додадете го сварениот грав, покријте го тенџерето со капаче, но не целосно и оставете специјалитетот да крчка околу половина час.

На здравје!