[ФОТО] Селма Хаек традиционално го прослави роденденот – во бикини: „59 патувања околу Сонцето и сѐ уште танцувам“

Супермен

04/09/2025

14:15

1.390

Големина на фонт

а а а

Актерката Селма Хаек во вторникот го прославила 59 роденден, а на своите следбеници им покажала како изгледа нејзината прослава.

Својот посебен ден актерката го поминала на јахта, во атрактивно бикини со кое ги воодушевила фановите.

Хаек ја покажала својата импресивна фигура во црвено бикини кое го искомбинирала со очила за сонце. Во рацете држела пијалак, а фотографијата дополнително ја разубавило заоѓањето на сонцето.

„59 патување околу Сонцето и сѐ уште танцувам. На здравје и ви благодарам на љубовта“, кратко напишала во описот.

Нејзината фотографија за само неколку часа добила 350.000 допаѓања, а во коментари се нижеле честитки од бројните обожаватели и пријатели.


„Среќен роденден кралице“, „Ти си оган.Ти си енергија. Среќен роденден Селма“, „59 изгледа неверојатно на тебе“.

Во коментарите ѝ напишала и манекенката Линда Еванџелиста која има син со Франсоа Анри Пино, сопругот на Селма.

Селма често ги воодушевува своите фанови со фотографии во костими за капење, а неодамна заблескала и на насловната страница од магазинот „Sports Illustrated Swimsuit Issue“.


„Се сеќавам кога бев млада, што беше одамна, секогаш се радував кога ќе го видев изданието на магазинот и размислував: Кој ќе биде на насловната страница? Секако, не изгледав како модел, па никогаш не ни помислував дека тоа можам да бидам јас. Некој да ми кажеше дека ќе бидам на насловна страница на 58 години, би го испратила директно во лудница. Но, светот се смени и тоа е возбудливо“, раскажала актерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk