Знакот на „Ферари“ е препознатлив ширум светот – црн коњ којшто се издигнува на задните нозе станал синоним за луксузот, моќта и престижот.
Сепак, малкумина ја знаат приказната која стои зад овој симбол. Додека поголем дел од луѓето претпоставуваат дека знакот на коњот е избран како симбол на силата на моторот и брзината, вистината е многу поразлична.
Грофот Франческо бил најпознатиот италијански пилот – ловец во Големата војна, заслужен за дури 34 воздушни победи. Неговиот авион го красел црн коњ којшто е симбол на среќата, храброста и заштитата во борбата.
Тој починал во 1918 година, но неговиот знак продолжил да живее. Неговата мајка, грофицата Паолина, подоцна му предложила на младиот Енцо Ферари да го усвои коњот како амблем на своите тркачки екипи.
Енцо Ферари, роден 1898 година, ја основал својата компанија во 1939 година. На предлог на мајката на Франческо, го усвоил црниот коњ и му додал жолта позадина во чест на родниот град Модена. Така знакот којшто некогаш бил симбол за борбен дух станал амблем на една од најпрестижните автомобилски компании на светот.
„Коњот всушност потекнува од Франческо Барака, најдобриот италијански пилот во Првата светска војна. Тој го носел на авионот за среќа, а после неговата смрт неговата мајка му предложила на Енцо Ферари да го усвои како амблем. Коњот не ја претставува брзината туку честа, храброста и добрата среќа“.