[ФОТО/ВИДЕО] Џентлменскиот див „стана“ Барби: Холивудскиот заводник во розово издание предизвика вчудовиденост, а лакот на неговите нокти мора да го видите

Точка

04/09/2025

15:28

1.429

Големина на фонт

а а а

Венецијанската Мостра влегува во својата завршница – осмата фестивалска вечер донесе уште гламур, иако многумина сметаа дека црвениот килим и најголемите модни изненадувања веќе се исцрпени.

Но, Венеција повторно покажа дека секогаш има со што да изненади.

На програмата доминираа две продукции – трогателниот филм „The Voice of Hind Rajab“ во режија на Каутер Бен Ханија, продуциран од Хоакин Феникс и Бред Пит.


Сепак, најголемата модна бомба на вечерта дојде од премиерата на втората продукција -  филмот „In the Hand of Dante“ на Џулијан Шнабл.

Имено актерот Џејсон Момоа зачекори на црвениот килим облечен во розова модна комбинација – од костумот, преку сандалите, па сè до лакот на ноктите, оставајќи ги сите без здив.


Неговото појавување во „total pink“ издание предизвика вчудовиденост и воодушевување и докажа дека овој „џентлменски див“ знае како да ги помести границите и да ја освои публиката на најнеочекуван начин.


Деталите, сепак, го направија неговиот стајлинг уште понезаборавен: актерот носеше розови влечки „Биркенсток“, а ноктите на нозете ги обои во истата нијанса. Косата му беше пуштена, а носеше и црни очила за сонце и на тој начин го комплетираше својот опуштен, но изразито стилски изглед.

Неговите влечки, моделот „Аризона“, доаѓаат од специјалната колекција на брендот „Биркенсток“ во соработка со „Концептс“ од 2023 година. Момоа дури и позираше за фотографите, особено истакнувајќи ги чевлите и педикирот во розова боја.



Инаку ова не е прв пат холивудскиот „див“ да блесне во оваа боја – на Оскарите во 2019 година, тој го носеше познатиот плишен смокинг од Фенди во розова нијанса. Уште тогаш, тој јасно стави до знаење дека нема предрасуди кога станува збор за изборот на бои.


„Розовата е преубава боја. Прилично сум сигурен во мојата машкост и искрено не ми е гајле што мислат другите“ изјави тој за „InStyle“ во 2020 година.

Момоа е исто така голем обожавател на влечките „Биркенсток“ – во март ги носеше за време на промоцијата на филмот „Minecraft“ во Мексико, а и тогаш беа во розова варијанта.


Покрај тоа што ги поместува модните граници, актерот неодамна ги изненади обожавателите и со личната трансформација. Во јули, тој ја избричи својата препознатлива брада по повеќе од шест години, подготвувајќи се за снимање на третиот дел од „Дина“.


„Го мразам овој изглед!“ призна тогаш, со насмевка.

На приватен план, Момоа е среќно заљубен, од февруари тој официјално се појавува со својата нова партнерка, актерката Адрија Архона (33), а двојката го имаше своето деби на црвениот килим за време на „SNL 50“ во Њујорк.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk