Овие професии се целосно отпорни на вештачката интелигенција: „Мајкрософт“ ја објави и топ 10 листата на најзагрозени професии

Супермен

03/09/2025

14:45

4.456

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција брзо се шири на пазарот на работа и создава страв од криза за вработување, додека пак работниците и оние кои штотуку влегуваат во светот на работата се обидуваат да сфатат дали нивната кариера е загрозена.

Брзото темпо на промените е поткрепено и со новите податоци, поради што сѐ повеќе луѓе бараат професии „отпорни на вештачката интелигенција“ кои би можеле да гарантираат сигурност на работата во време кога компаниите ширум светот повеќе сакаат да ги автоматизираат задачите отколку да вработуваат нови работници.

Истражување на компанијата „Мајкрософт“

Иако ниту една студија не може дефинитивно да каже кои професии 100 отсто се отпорни на вештачката интелигенција, а кои се осудени на автоматизација, најновите истражувања на компанијата „Мајкрософт“ се обидуваат да го расветлат случајот.


Студија објавена минатиот месец, мерела колку продуктивно вештачката интелигенција може да се примени на вообичаените задачи на различни професии.

Истражувачите анализирале над 200.000 анонимни разговори со четботот Bing Copilot, од јануари до септември 2024 година, за да утврдат кои задачи корисниците најмногу сакале вештачката интелигенција да ги изврши за нив.

Врз основа на тие податоци развиен бил „дел за применливост на вештачката интелигенција“, комбинација на зачестеност на користење на алатките на вештачката интелигенција и успехот во извршените задачи.

Вештачката интелигенција не значи нужно исчезнување на работните места

Меѓутоа, „Мајкрософт“ истакнува дека овие резултати не значат автоматско намалување на бројот на работните места.

„Вештачката интелигенција го менува начинот на којшто се извршува работата, но не ги елиминира работните места нужно“, соопштила компанијата.


Вештачката интелигенција покажува најмногу корист во професиите кои бараат истражување, пишување и комуникација. Но, ниту една работа, заклучно и наведените, сѐ уште не може целосно да ја преземе вештачката интелигенција.

Исто така, податоците не значат дека професиите со висок резултат на вештачка интелигенција ќе донесат поголема плата затоа што студијата не го вклучува поширокото влијание на пазарот на професии.

Зошто компаниите автоматизираат?

Иако „Мајкрософт“ верува дека вештачката интелигенција треба да ги „дополнува“ луѓето, а не да ги заменува, многу од менаџерите ширум светот сѐ повеќе јавно говорат дека се очекува вештачката интелигенција да ги намали трошоците.

Тоа довело до намалување на вработувањата, особено меѓу младите и канцелариски работници со почетно ниво, кои се најмногу изложени на конкуренцијата од вештачката интелигенција.


Каде вештачката интелигенција (сѐ уште) не може да го замени човекот

10. Вулканизери;
9. Бродски инженери;
8. Монтери и мајстори за автомобилски прозорци;
7. Орални и максилофацијални хирурзи;
6. Оператори на погони и системи;
5. Луѓе кои ги подготвуваат покојниците;
4. Молери;
3. Работници за отстранување на опасни материјали;
2. Болничари и медицински техничари;
1. Експерти за земање крв.


10 најзагрозени професии од вештачката интелигенција

10. ТВ и радио водители и ди-џеи;
9. Продавачи на карти и туристички агенти;
8. Телефонски оператори;
7. Програмери на CNC машини;
6. Оператори на корисничка поддршка;
5. Писатели и автори;
4. Продавачи на услуги;
3. Авионски персонал;
2. Историчари;
1. Преведувачи и толкувачи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk