Џона Хил е американски актер познат по комичните улоги во кои глумел гојазни ликови. Со тежина од 127 килограми, Џона имал ограничен избор на улоги, а за себе мислел дека е грд и заробен во тело на 14-годишно дебело момче.
Но, сега сѐ се сменило. Неодамна папараците го фотографирале Џона на снимање на нов филм, а на фотографиите тој изгледа навистина слабо.
„Би сакал да направев нешто лудо, како на пример таблети или да го повикав духот којшто исполнува желби, но јас отидов кај нутриционист и тој ми кажа што да јадам за да ги сменам своите навики. Открив дека ми годи јапонската храна“, признал Џона којшто сега е навистина непрепознатлив.
Џона почнал да трча за полесно да се навикне на вежбањето.
„Сега физички трчам, наместо емоционално, а почнав да правам и склекови“, раскажал Џона којшто прави по 100 склекови дневно.
Покрај исхраната и вежбањето, Џона престанал да пие алкохол, но пивото сѐ уште е неговата слаба точка.
„Сакам да снимам смешни филмови, но сакам и да созреам, буквално, на начинот на којшто се однесувам кон себе. Не живеам во студентско братство. Само сакам да бидам добар човек и да го направам своето семејство гордо“.