[ВИДЕО] Пожешка Џеј Ло можеби никогаш нема да ја видите: Во танга и градник ги „запали“ социјалните мрежи

Супермен

03/12/2025

20:34

818

Големина на фонт

а а а

Латино дивата Џенифер Лопез привлекува внимание каде и да се појави. Ниту еден голем настан не може да помине без нејзино присуство, а со нејзините смели модни комбинации привлекува внимание и на социјалните мрежи.

Во текот на летото, таа беше зафатена со музичката турнеја „Up All Night“, а сега се подготвува за уште еден концерт во Лас Вегас, за кој имаше, па, можеме да кажеме, жешка најава.


На Инстаграм, таа објави видео од гореспоменатата турнеја, но овој пат не го привлекоа вниманието нејзините вокални способности, туку нејзината облека и жешките, но енергични танцови движења.

Како што можете да видите, таа носеше танга и градник со огнени детали, а целокупниот стајлинг ја истакнуваше нејзината одлична фигура.

„Се гледаме овој месец на „The JLo Show“ во Вегас. Која песна сакате да ја испеам?“, напишала таа во описот на видеото.


Објавата се чини дека предизвика лавина од реакции и комплименти.

„Вегас е среќен што те гледа повторно“; „Премногу си убава“; „Жено, толку си секси“, се само дел од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk