[ФОТО/ВИДЕО] „Aris“ е новиот вработен во „Mercedes“: Не јаде, не спие и не зема плата – сон на секој работодавец

Точка

22/10/2025

09:53

1.473

Големина на фонт

а а а

Звучи како остварување на соништата на многу од работодавците, а во „Mercedes“ се исклучително задоволни од новиот работник.

Како и да не бидат, кога овој работник не бара ништо, а дава сѐ. Зад него нема синдикат, а посветеноста не му се намалува сѐ додека има енергија во него.

Запознајте го „Aris“, четириножниот робот од „Boston Dunamics“ којшто неодамна пристигнал на работа во фабриката на „Mercedes“ во Дизелдорф.

Неговата задача не е игра туку многу сериозна работа. Задолжен е за откривање на течење на компримиран воздух и други технички аномалии во погонот за производство. Според процените на компанијата, „Aris“ би можел годишно да заштеди многу во „Mercedes“.


„Aris“ е опремен со напредни сензори и состав од вештачката интелигенција. Може да детектира течење на воздух, да анализира невообичаени звуци, да ги проверува аналогните мерачи и да се качува по скали во внатрешноста на фабриката. Благодарение на својата подвижност, способен е да пристапи до делови на фабриката кои на луѓето им се тешко достапни.

Фабриката на „Mercedes“ во Дизелдорф која зазема 325.000 метри квадратни, произведува модели „Sprinter“ и „eSprinter“. Производството на генерацијата „eSprinter“ започнала во 2023 година, а токму во тој погон се одвива и еден од најнапредните експерименти со роботика во германската автомобилска индустрија.

Инаку, „Mercedes“ не е првиот којшто користи роботи во индустријата. „Jaguar Land Rover“ минатата година во својот погон внел сличен робот којшто може да открие течење на плин и да ги наѕира вентилите и машините.


„Aris“ не е првиот робот во „Mercedes“

„Mercedes“ влегува во ново поглавје во автоматизацијата на производството, но „Aris не е единствениот механички помошник во погонот. Компанијата веќе „вработила“ автономни дронови.

„Mercedes“ годинава дополнително го проширил својот роботски тим со интегрирање на хуманоидни роботи во фабриката во Берлин.


Во тие состави биле вложени милионски суми, а роботите биле дизајнирани за целосно самостојно извршување задачи, без потреба од постојан надзор од луѓето.

Тие самостојно се движат во фабриките, ја приспособуваат околината и извршуваат задачи кои некогаш требало да се извршат рачно. Кога ќе снемаат енергија, сами ја препознаваат потребата за полнење, па се приклучуваат без некакви насоки.