[ФОТО] Дали е ова најпровокативниот мини-фустан досега? Имаше паралелна врска со Алкараз и Синер, а вчера прошета полугола, прекриена со кристали

Супермен

29/10/2025

16:41

1.292

Големина на фонт

а а а

Постојат разни мини-фустани, но има и такви какви што ги избира познатиот американски модел Брукс Нејдер, која вчеравечер беше гостинка на гала-настанот на „Swarovski“ во Лос Анџелес. Нејзиниот стил на облекување е повеќе од провокативен, а вчера таа ја „зачини“ провокацијата со кристали.

Брукс Нејдер не се воздржува. Кај неа важи правилото „помалку е повеќе“, па фустанот што го носела бил и краток и со длабоко деколте. Да бил употребен некој центиметар помалку материјал – шокот ќе бил уште поголем.


Светкавиот фустан, налик на оние што порано ги носеа Парис Хилтон и Ирина Шајк, едвај „се држи“ на телото – барем таков впечаток остава, иако облеката е добро прицврстена, па Брукс без проблеми позираше пред камерите.

Кристалниот накит и гламурозната фризура привлекоа внимание, но останаа во втор план пред ваков предизвикувачки моден избор.

Брукс Нејдер, која предизвика вистинска медиумска бура со својата паралелна врска со Синер и Алкараз, синоќа беше во друштво на својата сестра Сара Џејн, која носеше сличен фустан – што го удвои модниот шок.


Американката Брукс Нејдер и нејзините сестри често ги нарекуваат „Кардашијанки на новата генерација“. На прв поглед изгледа невозможно некој да ја засени Ким Кардашијан и нејзиното семејство по провокативност, но судејќи по досегашните модни изданија на Брукс Нејдер и нејзиниот вчерашен стајлинг – шансите за тоа се прилично големи.

Брукс (28) имаше бурна врска со учесникот во шоуто „Dancing With the Stars“, Глеб Шевченко. Таа изјави дека ја изневерил и имал тројка зад нејзин грб, што тој го негираше. Брукс беше во брак со инвеститорот Били Хејр – се разделија во 2004 година, а официјално се разведоа оваа година. Подоцна ја поврзуваа и со ѕвездата на „NFL“, Том Брејди, откако двајцата беа гости на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во јуни во Венеција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk