Италијанскиот тенисер Јаник Синер (24), конечно одлучил да ги запре гласините за наводниот љубовен триаголник и да го потврди она што со месеци се шпекулирало, дека е во врска со данскиот модел Лајла Хасановиќ (24), поранешната девојка на Мик Шумахер.
Романсата меѓу талентираниот тенисер и прекрасната манекенка станала јавна откако Синер после триумфот над Александар Зверев во финалето во Виена, им се заблагодарил на сите за поддршката меѓу кои и на својата девојка.
„Му благодарам на моето семејство, девојката, пријателите и сите кои нѐ следат од дома. Вашата поддршка значи сѐ“, изјавил Синер откако го освоил својот 22 трофеј во кариерата.
Хасановиќ, чии корени се од Босна и Херцеговина, често била забележувана на трибините во текот на овогодишниот Вимблдон.
Нивната врска не е новост за внимателните обожаватели, уште во текот на УС Опен, фановите забележале дека Синер на телефон има фотографија од Лајла, а тој тогаш кратко коментирал:
„Да, заљубен сум, но за приватниот живот не говорам јавно“.
Медиумите во Италија сега пренесуваат дека парот живее во луксузниот дел од Монако, La Kondamina, а сопствениците на една локална слаткарница откриле:
„Синер и Лајла живеат над нашата продавница. Лајла е прекрасна, љубезна и елегантна, баш како и Јаник“.
Лајла Хасановиќ во светот на модата е позната по соработката со бројните европски брендови и својот препознатлив стил, едноставни линии, природен изглед и суптилен накит, најчесто од бисери или бело злато.
Токму тие детали често на нејзините модни комбинации им даваат класика и софистицираност, што совршено одговара со смирениот карактер на Синер.
Интересно е тоа што пред врската со Синер, Лајла била во романтична врска со Мик Шумахер, додека Синер претходно со руската тенисерка Ана Калинска.