Ова ќе бидат идните милионери во доба на доминација на вештачката интелигенција: Директор на успешна фирма укажа на две професии

Супермен

30/10/2025

20:47

1.545

Големина на фонт

а а а

Додека светот дебатира за тоа како вештачката интелигенција ќе ги згасне работните места, извршниот директор на „Nvidia“, Џенсен Хуанг, го порачува спротивното, токму АИ ќе им отвори нови работни места на занаетчиите и техничарите.

„Доколку сте електричар, водоинсталатер, ќе бидат потребни 100-на илјади такви работници за да ги изградиме сите овие фабрики“, рекол Хунаг за „Channel 4“, нагласувајќи дека дата-центрите бараат огромна физичка инфраструктура.


Луѓе, не дипломи

Растот на центрите за податоци носи и многу конкретни бројки: еден објект од 250.000 метри квадратни ангажира до 1.500 градежни работници во текот на градењето, а многу од тие работни места во странство се платени и повеќе од 100.000 долари годишно – без диплома.

По завршувањето, постојаниот оперативен тим ќе брои околу 50 вработени, додека секое такво работно место генерира уште 3,5 индиректни работни места во локалната економија, наведува „Fortune“.

Хуанг верува дека следниот технолошки „бум“ нема да го водат само програмерите туку и луѓето кои градат, спојуваат, монтираат и ја одржуваат инфраструктурата која го придвижува АИ.

„Наредната генерација на милионери ќе бидат водоинсталатери и електричари, а не нужно софтверски инженери“, порачува шефот на „Nvidia“.

Неговиот став го делат и други индустриски лидери. Извршниот директор на „Ford“, Џим Фарли, предупредува дека американските амбиции во областа на АИ ќе бидат остварени без клучни работници кои можат да ги изградат и одржуваат дата-центрите, пренесува „Forbes“.

Експертите велат дека без оглед на огромната потреба за одржување и поправка на автомобили, бројот на автомеханичари од година во година се намалува.


Овој занает се соочува со сериозни проблеми од недостаток на работници до сѐ поголема автоматизација и технолошки промени.

Најновиот извештај за образование во автомобилската индустрија во Институтот за автомобилска индустрија, открива дека во последниот квартал од 2024 година квалификациите во автомобилската индустрија се намалиле за четири проценти во однос на претходната година. Ова е спротивност со порастот од шест проценти во вкупниот број на стручни технички сертификати и го одржува она што IMI се обидува да го опише како „долгорочно забавување“ на влегување на таленти во секторот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk