Сите кои размислуваат за преселување во странство сега имаат одговор на прашањето кои се земјите кои се најбарани на светот.
Без оглед на тоа дали станува збор за потрага по подобро време, пониски трошоци за живот или едноставно желба за запознавање на нови култури, експертите од компанијата „1st Move International“ составиле листа на најпосакувани светски дестинации за живот, „Daily Mail“.
Со анализата на глобални податоци од „Google“ пребарувањето утврдено било дека Канада втора година по ред го зазема првото место, со вкупно 269.220 пребарувања поврзани со преселување само годинава.
Оваа популарна дестинација која надминала 74 други земји вклучени во истражувањето и понатаму ги привлекува луѓето со своите прекрасни природни пејзажи и висок квалитет на живот.
- Канада има повеќе езера од останатиот свет заедно и најдолго крајбрежје на светот, што ја прави рај за љубителите на природата и патувањата.
- Кошарката е измислена во Канада, ја смислил Џејмс Нејсмит во 1891 година.
- Квебек Сити е единствено ограден со ѕидини во Северна Америка.
- Канада произведува околу 70 отсто од светскиот јаворов сируп, главно во провинција Квебек.
- Национално животно е дабар – симбол на мирот и издржливоста.
- Земјата има два официјални јазика, англиски и француски, и едно од најмултикултурните општества на светот.
- Младите Канаѓани (генерација Z) особено ги ценат различностите, одржливоста и општественото влијание, а 71 отсто од нив веруваат дека можат да го сменат светот.
- Речиси 99 отсто од младите од 18 до 24 години користат социјални мрежи, што Канада ја сместува меѓу најдигиталните земји.
Веднаш зад Канада се наоѓа Австралија која со своите прекрасни плажи и опуштен начин на живот привлекла 207.900 пребарувања. Третото место го зазела Ирска со 179.400 пребарувања, а следат Нов Зеланд со 177.700 и Јапонија на петтото место со 172.880 пребарувања.
Во првите десет се нашле и Португалија, Костарика, Шпанија, Холандија и Тајланд.