Ако купувате половни гуми, на ова мора особено да внимавате: Може скапо да ве чини

Точка

30/10/2025

14:16

418

Големина на фонт

а а а

Доколку сепак одлучите да купите половни гуми, набавувајте ги исклучиво од проверени извори — најдобро од некој што го познавате и во кого имате доверба.

Во последните години, половните гуми станаа сè популарен избор меѓу возачите. Иако се значително поевтини од новите, тие често претставуваат сериозен ризик за безбедноста. Многумина сепак ги купуваат со желба да заштедат, без да размислат за можните последици.

Половните гуми никогаш не се како нови

Без разлика колку добро изгледаат, половните гуми никогаш немаат исти карактеристики како новите. Привлечната цена лесно може да ве измами, но треба да се има на ум дека гумите се единствениот дел од автомобилот кој е во директен контакт со подлогата. Од нив зависи колку брзо ќе можете да закочите, да свртите или да забрзате.


Купувајте само од луѓе на кои им верувате

Ако веќе одлучите да купите половни гуми, правете го тоа исклучиво од проверени луѓе — најдобро од некој што го познавате и знаете како ги одржувал.

На пример, ако соседот ги заменува своите гуми кои сè уште се во добра состојба, тоа може да биде прифатлива опција. Но, продавници и огласи кои нудат половни гуми „на големо“ треба да се избегнуваат. Таквите гуми најчесто доаѓаат од непознати и сомнителни извори, а нивната историја на користење никој не ја проверува.

Скриени оштетувања и непозната историја

Најголемиот проблем со половните гуми е тоа што никогаш не можете да знаете низ што поминале — дали биле правилно складирани, во какви услови биле користени, или едноставно лежеле на отпад.

Гумата може да биде стара само три години, но ако била многу возена или чувана во лоши услови, ќе биде значително полоша од некоја постара, но правилно одржувана.


Како да препознаете стара или оштетена гума

Стара гума лесно се препознава по ситни пукнатини на нејзината површина. Тие мали отвори значително ги нарушуваат нејзините возни карактеристики. Сепак, многу продавачи се обидуваат да го скријат тоа — ги премачкуваат гумите со црн лак за да изгледаат како нови. Ако забележите дека гумата е премачкана, задолжително измијте ја за да го видите вистинското состојба.

Означувањето „DOT“ не кажува сè

На секоја гума постои ознака „DOT“ која покажува кога е произведена. Но тоа не е апсолутен показател за квалитет. Постара гума што била правилно складирана и ретко користена може да биде подобра од понова што била изложена на сонце, влага или имала голем број извозени километри.


Внатрешните траги ја откриваат вистината

Доколку гумата некогаш била пробушена, а сопственикот продолжил да вози со неа, тоа лесно се забележува одвнатре — на внатрешната површина ќе се појават ситни трошки и траги од фелната. Таква гума повеќе никогаш не може да обезбеди целосна безбедност при возење.