Дуа Липа привлече големо внимание од папараците и социјалните мрежи додека се опушташе во тесно бикини на покривот на луксузен хотел со пет ѕвезди во Бразил.
Популарната пејачка Дуа Липа во моментот е во Рио де Жанеиро во склоп на нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.
Сепак, папараците не ја пропуштија атрактивната пејачка, иако беше далеку од јавноста, па ја „уловија“ на базенот на покривот на луксузниот хотел со пет ѕвезди каде што престојува.
Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа покажа витко, затегнато и исончано тело, особено извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат – ако го изоставиме нејзиниот задник, кој не беше пропуштен од камерите.
Таа беше фотографирана како се обидува да се покрие со парео во ист дезен како и бикинито, а носеше и очила за сонце како моден детаљ. Долгата коса ѝ паѓала лежерно по грбот, а очигледно не носеше шминка додека уживаше во сонцето.
Забележлив е и нејзиниот скап свршенички прстен со кој британскиот актер Калум Тарнер ѝ предложи брак кон крајот на декември минатата година.
Претходната ноќ, Липа за вечера во стекхаусот „Braseiro da Gavea“ одбрала еднакво впечатлива комбинација. Воодушевила во зелен корсет со детали кои ги искомбинирала со фармерки. Кога подоцна излегувала од популарниот ресторан, се собрале многу обожаватели кои сакале да ја видат поп-ѕвездата пред нејзиниот голем настап во сабота.

Минатата недела Липа ги освои и обожавателите во Сао Паоло, каде настапи пред преполн стадион „MorumBIS“, изведувајќи ги своите најголеми хитови како „One Kiss“, „Levitating“ и „Don’t Start Now“.
„Сè што правевме беше да танцуваме во Сао Паоло“, напишала таа подоцна покрај серија фотографии од нејзиниот краток престој во тој град. Меѓу објавените фотографии се најде и таа на која позира на балконот од својата хотелска соба во мини фустан со леопардов дезен.