[ФОТО] Ќерката на Клаудија Шифер порасна „преку ноќ“, па ги покажа бујните гради: Некои се воодушевени, а други велат „вулгарна си“

Супермен

20/11/2025

17:29

1.420

Големина на фонт

а а а

Клементин Вон, ќерка на еден од најпознатите светски топ модели од 90-тите Клаудија Шифер, привлече огромно внимание на Инстаграм. Многумина велат дека таа е вистинската наследничка на нејзината мајка и дека ја краси природна убавина…

Клаудија Шифер секогаш ја сметале за кралица на софистицираноста. Таа маѓепса многумина со својата убавина кога се појави во 90-тите. Специфичните црти на лицето, нежните движења на телото, ледено сините очи и совршеното тело ја направија омилено лице на модните брендови, како и муза на познатите дизајнери.


Се чини дека својот специфичен шарм го пренела и на својата миленичка, Клементин Вон, за која многумина денес пишуваат дека личи на неа. Овие зборови беа потврдени со последната објава на Клементин на социјалните мрежи.

Како што можете да видите, ќерката на Клаудија објави серија фотографии со своите пријателки, а привлече внимание со својот изглед.


Клементин носела тесен корсет што ја истакнува нејзината завидна фигура и раскошни гради, а корисниците на интернет забележале, покрај нејзините бујни атрибути, и неверојатна сличност со познатата Клаудија.

„Убава“, „Совршена“, „Нереална си“, „Икона, иста како мајка ти“, се само неколку од мноштвото коментари.


Неприкосновена што се однесува за убавина, славниот топ модел сепак, поради потребите на професијата, се фотографираше и снимаше разголена, што нејзината ќерка сега го промовира. Некои нејзини следбеници коментираа дека Клементин со објавите на кои ги истакнува своите бујни гради изгледа вулгарно.


Клаудија Шифер позирала гола во кампањи, реклами и на насловни страници. Многупати со голи гради прошетала на пистите на престижни модни ревии, но никогаш не изгледала вулгарно, коментирале некои.


Што мислите вие за изгледот на оваа млада девојка?


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk