[ФОТО] Најзгодната пејачка на светот повторно го покажа сексапилот: „Се надевам дека никогаш повеќе нема да бидеш облечена“

Супермен

20/11/2025

11:38

1.184

Големина на фонт

а а а

Никол Шерцингер во текот на целата година не го соблекува бикинито од себе, а и зошто би го правела тоа кога милиони следбеници уживаат во нејзините објави на социјалните мрежи.

Славната пејачка Никол Шерцингер (47), со години е синоним за совршен изглед, меѓутоа иако нѐ воодушевува и со елегантните фустани и гламурозни изданија, нејзината публика сепак е најсреќна кога убавата пејачка ќе објави фотографии во бикини.

„Моментално живеам на сет, па еве малку специјално рециклирана содржина“, напишала под објавата таа.

Како што кажала самата, сега напорно работи, но сѐ уште има залихи од провокативните фотографии со кои привлекува внимание ширум светот.

Овојпат Никол позирала во сино бикини, па веќе од самиот поглед кон неа ќе заборавите на зимата и ниските температури во нашите краеви.

Извајаните стомачни мускули е првото нешто кое ќе го забележите кога ќе ја погледнете пејачката, а многумина ѝ порачале отсега да објавува само такви фотографии.

„Се надевам дека никогаш повеќе нема да бидеш облечена“, бил еден од коментарите поради тоа што Никол обожава да објавува фотографии од плажа.

Никол Шерцингер и во петтата деценија од животот изгледа како да е дупло помлада и веќе неколку пати досега покажала дека никој не може да ѝ ја одземе титулата најзгодна.

Сепак, таквото тело не „паднало од небо“, па пејачката веќе неколку пати досега истакнала дека секојдневно вежба и внимава на својата исхрана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk