Редок суперспортски автомобил штотуку го сруши рекордот, станувајќи најскапиот нов автомобил којшто бил продаден на аукција.
Автомобилот на „Gordon Murray“ – „S1 LM“ станал најскапиот нов автомобил којшто некогаш бил продаден на аукција. Износот од неверојатни 20,63 милиони долари бил постигнат во Лас Вегас во текот на викендот на Формула 1.

Тоа е цената која може да ја наведе компанијата да ја преиспита својата одлука да го ограничи производството на само пет автомобили, пишува „CarScoops“.
Кога „S1 LM“ ја имал својата светска премиера во текот на манифестацијата „Monterey Car Week“ во август, компанијата „Gordon Murray Automotive“ потврдила дека сите пет примероци веќе ги презел еден купувач.
Кој е тој колекционер останува непознато, како и причината зошто се разделил од еден од таквите ултраретки автомобили.

Јасно е дека неговото доаѓање на аукција во куќата „RM Sotheby’s“ е завршено со цена која гарантира „S1 LM“ да влезе во историјата.
Спектаклот започнал многу пред почетокот на лицитирањето. Изложениот примерок на „S1 LM“ автомобилот стигнал со хеликоптер, спуштајќи се во акцискиот простор со театралност која само автомобил од ваков калибар може да ја изведе.
Победникот на аукцијата, освен што станал сопственик на хиперспортски автомобил којшто го направил еден од најценетите инженери во историјата, сега директно ќе соработува со компанијата за секој детаљ од својот автомобил да го приспособи по желба.

Додека „T.50“ често се нарекува модерен наследник на „McLaren F1“, „S1“ e уште повпечатлив и многу поблизок до оригиналната филозофија на „F1“, но со модерни елементи.
Моторот на овој автомобил произведува над 700 KS, се „врти“ до 12.100 o/мин има шестостепен мануелен менувач којшто силата ја испраќа на задните тркала. Масата на автомобилот е само 957 килограми.



