[ФОТО] „Кралицата Сабаленка“: На терен „убива“ со играта, а на плажа - со изгледот

Супермен

25/11/2025

20:55

1.063

Големина на фонт

а а а

Арина Сабаленка го „краде“ вниманието на секој чекор – дали е на тениски терен, на конференција за медиуми или можеби на социјалните мрежи, таа не може да остане незабележана.

Оваа тенисерка спаѓа во редот на најдобрите во овој спорт, а за домашната публика е особено интересна. Со своите духовити изјави и непосредно однесување ги освои симпатиите кај публиката ширум светот, а многу често нејзиниот изглед е главна тема на социјалните мрежи.

Арина е доста активна на Инстаграм, каде споделува различни моменти од приватниот живот, а најчесто тоа се објави од плажи, од Грција, каде ужива со избраникот Георгиос Франгулис, успешен претприемач.

Сега објави низа фотографии во бикини на кои позира и со момчето, но овојпат нејзиниот изглед сепак привлече малку повеќе внимание кај фановите, кои ја опсипаа со комплименти. Овојпат парот отпатувал на Малдивите.

Арина најпрво позирала во маслинесто бикини, а потоа и во розово, што јасно покажува дека престојот далеку од обврските прилично ѝ годи.

„Вие сте мојот омилен пар“, „Прекрасни сте“, „Изгледаш совршено во бикини“, „Тоа го нарекувам одмор“, „Кралица Сабаленка“, „Каква енергија емитуваш, неверојатна си“, се дел од коментарите под нејзините објави.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk