Чоколадните кекси се совршен додаток на празничната трпеза. За да направите вкусни и крцкави колачиња не ви е потребно брашно, масло ниту путер. Всушност, не ви е потребно ниту цело јајце.
Овој рецепт е своевидна варијација на чоколадни пуслици, односно се користат само белки. Во смесата се додаваат и печени ореви, какао, шеќер во прав и малку екстракт од ванила.
Резултатот се крцкави и сјајни колачиња кои воодушевуваат со првиот залак.

Чоколадни кекси без брашно – состојки:
• 350 г шеќер во прав;
• 280 г ореви;
• 75 г какао во прав;
• 4 големи јајца;
• 1 кафена лажичка екстракт од ванила;
• прстофат сол.

Чоколадни колачиња без брашно – подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Печете ги половинките сурови ореви во загреана рерна околу 7–8 минути. Внимавајте оревите да не изгорат.
2. Изладете ги оревите, па исечкајте ги на ситно. Измешајте ги со шеќерот во прав, какаото и малку сол во сад за матење.
3. Одвојте ги белките од жолчките. Жолчките оставете ги за некој друг колач, а белките постепено додавајте ги во садот за матење. Матете на средна брзина додека смесата не се згусне. Додајте го и екстрактот од ванила во смесата.
4. Распределете ја смесата на 12 колачиња – со лажица преместете ја смесата на плех обложен со хартија за печење. Оставете простор меѓу колачињата бидејќи ќе се шират при печење.

5. Печете ги во претходно загреана рерна на 160 степени Целзиусови околу 15 минути, односно додека не се испечени целосно. Изладете ги целосно пред сервирање.
Уживајте!











