УФЦ шампион по разводот ја продава вилата од 3,5 милиони евра: Неговиот ривал му упати шеговита понуда

Супермен

28/01/2026

19:02

1.009

Големина на фонт

а а а

УФЦ шампионот во лесна категорија, Илија Топурија, неодамна се развел од својата сопруга Ѓорѓина Узкатеги Бадел.

Двајцата биле во брак помалку од две години, пред неодамна да го прекинат заедничкиот живот и да го започнат процесот на развод.

По разводот, Топурија одлучил да ја продаде својата вила во еден од најлуксузните делови на Мадрид, во која имал и помала сала и таму често тренирал.


Како што пишуваат шпанските медиуми, цената по која Топурија ја продава својата луксузна вила е 3,5 милиони евра.

Она што е интересно е дека по веста за продажбата на вилата се огласил и Арман Царукјан, ривалот на Топурија од лесна категорија.


Токму Царукјан требаше да биде негов следен противник, против кого Топурија требаше да го брани појасот, но поради разводот решил да направи пауза во кариерата.

„Ќе ја купам твојата куќа ако се согласиш да бидам твојот следен противник“, напишал Царукјан.

Царукјан е во одлична серија од пет врзани победи во УФЦ и моментално е втор предизвикувач во лесна категорија, бидејќи минатиот викенд прв стана Џастин Гејџи. Тој во борбата за појасот на привремениот шампион го совладал Педи Пимблет.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk