Сопругата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез Безос, често привлекува внимание во јавноста поради бројните естетски промени, а многумина ја нарекуваат „пластична љубовница“.
Сепак, таа не е единствената што поминала низ драстична трансформација – и самиот Безос изгледа речиси непрепознатливо во однос на фотографиите од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите години.

Некогаш слаб, проќелав и повлечен, основачот на „Amazon“ денес е силен, мускулест и самоуверен милијардер. Промената на изгледот, според медиумите, е дел од неговата посветеност на физичкииот тренинг – мотивиран од љубовната приказна со Лорен Санчез, со која е во врска од 2018 година, додека сè уште бил во брак со Мeкензи Скот.

Личниот тренер Вес Окерсон, познат по работата со славни личности како Том Круз, Џерард Батлер и Ајла Фишер, осмислил програма со фокус на мали тежини, голем отпор, трчање нагоре и надолу, веслање и кајак. Овој режим ја гради силата, издржливоста и ја прави физичката трансформација на Безос денес целосно забележлива во споредба со младите години.
Еве како изгледаше Безос порано:







А еве како изгледа денес:



