Има толку пари и трпение што може да го уништи секој што ќе му застане на патот: Бекамови нова мета на „насмеаниот крокодил“

Супермен

04/02/2026

13:09

1.159

Големина на фонт

а а а

Она што Бекамови можеби сè уште не го разбираат е темелноста и трпението на Нелсон Пелц, кој има доволно длабоки џебови за со децении да финансира правни спорови.

Го нарекуваат „насмеан крокодил“ затоа што, иако милијардерот Нелсон Пелц, татко на Никола Пелц, поседува одреден личен шарм, во деловниот свет од него се плашат и го почитуваат поради неговите „остри заби“. И тој е сосема задоволен со таа репутација, па поради сето тоа и не е чудно што Викторија и Дејвид Бекам токму него го сметаат за главен виновник за сè што се случува.

Кога во 2024 година, за време на ручек со новинари од „Financial Times“ го прашале зошто отпуштените организатори на венчавката на неговата ќерка Никола Пелц го нарекле „милијардер-насилник“, Нелсон Пелц само се насмеал и рекол: „Тоа веројатно е вистина. Која е смислата да си милијардер ако не си насилник?“.


Токму тоа е човекот со кого Дејвид и Викторија Бекам влегоа во војна. Бекамови веќе се сомневаат дека тој е опасен противник: сигурни се дека токму тој ги плаќа правните совети и ПР-поддршката за Никола и нејзиниот сопруг Бруклин, отуѓениот син на Бекамови.

„Бруклин не го напишал тоа“

Тие биле шокирани од изјавата на Бруклин на „Инстаграм“ минатиот понеделник и се сомневаат дека нивниот син воопшто ја напишал. Стилот, тонот и конструкцијата на речениците на сите во таборот на Бекамови им делуваат како да се километри далеку од вообичаениот израз на Бруклин. Бруклин е млад човек познат по тоа што на „Инстаграм“ ги меша основните зборови како „witch“ (вештерка) наместо „which“ (кој).


Деловниот свет на Нелсон Пелц е далеку од светот на фудбалот, поп-музиката или париската мода, но Бекамови сигурно се едуцирале за интересите на 83-годишниот Пелц откако нивниот син почнал да се забавува со неговата ќерка. Бизнис школата на Харвард ја користела аквизицијата на брендот сокови „Snapple“ од страна на Пелц како студија на случај за брилијантна деловна стратегија. Тој е познат по нападите врз гиганти како „Unilever“, „Heinz“, „Mondelez“ и „Disney“.

Трпение и длабоки џебови

Сепак, она што Бекамови можеби сè уште не го разбираат е темелноста и трпението на Пелц, кој има доволно длабоки џебови за со децении да финансира правни спорови и е навикнат секогаш да биде по негово. Тоа најдобро се гледа во неговата 14-годишна правна битка околу данокот на неговиот огромен имот во Њујорк.


Иако проценетата вредност на имотот е околу 40 милиони долари, адвокатите на Пелц тврдат дека вреди само 3 милиони, со цел да се намали данокот. Тој поднел осум тужби во период од 14 години, користејќи адвокати кои наплатуваат 3.000 долари на час, само за да заштеди 845.000 долари.

Тука можеби се крие предупредување за Бекамови. Постои јасен контраст меѓу исклучително богатите, но нималку разметливи Пелцови, и „кичестите“, но далеку помалку богати Бекамови. Богатството на Пелцови се проценува на 1,6 милијарди долари, иако некои се сомневаат дека таа бројка е сериозно потценета.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk