[ФОТО] Европа занеме пред архитектонското чудо - згради кои „пеат“: Тирана добива 3 кули со фасади обликувани според снимени човечки гласови

Точка

20/02/2026

14:20

652

Големина на фонт

а а а

Снимањето на човечките гласови дигитално трансформирани во варијации на геометрија, длабочина и сенки и како такви преточени во фасада...

Победничкиот проект предвидува градење на три кули со висина од 35 ката, со фасада чија геометрија е обликувана врз основа на снимени човекови гласови.

Тирана ја продолжува интензивната урбана трансформација, а најновата интервенција во самиот центар на градот ја потврдува амбицијата дека јавниот простор, живеењето, хотелиерството и деловните содржини се соединуваат во единствен архитектонски систем.


На меѓународниот конкурс за ревитализација на локацијата Zyber Hallulli избран е проектот на мексиканското студио „Rojkind Arquitectos“ реализиран во соработка со уметникот Педро Рејес и „Son Architects“, „Motus Holdings“ и „ASAB“.

Конкурсот бил распишан од страна на Албанската инвестициска корпорација во партнерство со Националната агенција за планирање во септември 2025 година, додека пак одлуката од жирито била објавена кон крајот на јануари 2026 година.

Три кули како единствен урбан ансамбл

Нагласено е дека победничкото решение опфаќа три кули со висина од 20, 25 и 35 ката, поврзани со мостови и поставени на заеднички подиум во ниво на приземје.

Наместо пристап од одвоени објекти, архитектите осмислиле композиција на различни висини и функција која делува како целина, со цел да се обезбеди постојана активност во текот на целиот ден.


Наместо концепт на изолирани кули, архитектите формирале композиција на различни висини и програма која функционира како целина.

Комплексот вклучува комерцијален премин во приземје, канцеларии, хотел, станбени единици и заеднички содржини. Партерното уредување приземјето го третира како продолжение на градскиот простор, низ мрежата на засенчени премини и комуникациски правци кои го поврзуваат со поширок урбан контекст, вклучувајќи и стадион во близина.

Фасада како архитектонски, а не декоративен елемент

Еден од најистакнатите елементи на проектот е фасадниот систем развиен во соработка со Педро Рејес. Фасадата не е замислена како дополнително уметничко дело туку како интегрален дел од архитектонскиот концепт.

Снимените човечки гласови дигитално се трансформирани во варијации на геометрија, длабочина и сенка, а како такви се преточени во фасада.


Фасадниот систем го сочинуваат вертикални префабрикувани бетонски елементи во тонови инспирирани од албанската почва.

Авторскиот тим овој пристап го нарекува „Urban Choir“ затоа што снимените човекови гласови дигитално претворени во геометрија се неверојатни.

Секој вертикален сегмент поседува различен профил, но заедно градат усогласена композиција која се чита од нивото на улиците до градската силуета.