[ФОТО] Кои европски земји се шампиони во договори на определено време: Македонија прва на Балканот и втора во Европа, еве која земја предничи

Супермен

23/02/2026

22:10

527

Големина на фонт

а а а

Европската агенција за статистика (Eurostat) објави податоци што се однесуваат на бројот на договори на определено време што ги нудат земјите на Европската Унија, но и Европа воопшто.

За возрасната група во рамките на оваа анализа се земени сите граѓани од 20 до 64 години, а опфатени се сите привремени вработувања на лица кои имаат договори на определено време или друг вид договор со ограничено траење.

Се покажа дека вкупниот просек во Европската Унија изнесува 10 проценти договори на определено време, а трите земји што се најдоа над просекот се Шпанија, Португалија и Холандија.


Статистиката покажа дека во Шпанија во 2024 година се евидентирани 13,3 проценти договори на определено време, во Португалија 13,5 проценти, а Холандија предничи со 18,9 проценти договори на определено време.

Статистиката ги опфаќа и земјите што не се членки на Европската Унија. На Балканот, во контекст на договорите на определено време, предничи Македонија со 15,6 проценти вакви договори. Следува Србија со 15,2 проценти, а во Босна и Херцеговина, според статистичките податоци, се регистрирани 9,6 проценти вакви договори.


Од друга страна, европските држави со најмал број вакви договори се Летонија со 1,8 проценти, Романија со 1,5 проценти и Литванија на првото место со 1,4 проценти договори од привремен карактер.

Општо, кога станува збор за вработеноста, стапката на вработеност во Европската Унија достигна 75,8 проценти во 2024 година, а невработеноста падна на 5,9 проценти – што е најниско ниво од 2015 година. Просечниот очекуван работен век во ЕУ изнесувал 37,2 години, со просечна работна недела од 36 часа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk