Очекувањата се исполнуваат, Луи Витон со одлична колекција за мажи за пролет-лето 2019

Супермен

28/06/2018

12:27

1.850

Големина на фонт

а а а

Откако Вирџил Аблох е поставен на местото на главен дизајнер на машката линија на модната куќа Луи Витон, целиот свет со нетрпение ги очекува дебитантските колекции за пролет-лето 2019.

Аблох кој нема завршено училиште за мода, поседува сопствен street wear бренд Off White и со години му е креативен директор на Каније Вест. Влијанието на уличната мода е евидентно и на оваа колекција, па силуетите кои се појавија на модната писта беа облечени во широки панталони, дуксери и кратки јакни кои му даваат еден елегантен тон на целата колекција. 


Клучното парче на колекцијата се јакни со принт, предимензионирани џемпери, капути и блејзери.


Под името "We are the world", Вирџил паметно го искористи насловот од музичкиот хит од 1985 година кога Мајкл Џексон и Лајонел Ричи сакаа да стават крај на гладта во Етиопија и токму така ја нарече оваа колекција. Бројките поврзани со оваа нумера се импресивни, песната освои 3 Греми награди, продадена е во повеќе од 20 милиони примероци и собрани се околу 63 милиони долари за помош на гладните.


На некој начин Вирџил сакал со песната и сценографијата да порача колку е силна Афро културолошката креативност кога станува збор за музиката и стилот, како и дека сите бои се добредојдени, сите нации и сите генерации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk