[ФОТО] Јахта „тешка“ 450 милиони евра заплови по Јадранот: Откриено кој е сопственик на ова раскошно пловило

Супермен

18/07/2025

11:00

2.302

Големина на фонт

а а а

Јахтата „Оpera“, долга 146 метри изградена е во 2022 година во германското бродоградилиште „Lirsen“.

Во сопственост е на шеикот Абдулах бин Зајед ел Нахјан, министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати и истакнат член на кралското семејство во Абу Даби.

Крстари по Јадранот

Шеикот пред две години престојувал во Дубровник, а ова лето одлучил да ги посети јадранските води, носејќи ја со себе „Opera“ и другата следечка јахта „Bleu de Nimes“.


Овие луксузни јахти го потврдуваат статусот на Хрватска како една од најелитните дестинации на светската наутичка мапа.

„Оpera“ спаѓа во редот најголеми и најлуксузни јахти на светот, за нејзиниот импозантен дизајн заслужен е познатиот дизајнер Теренс Дисдејл.

Вредноста на јахтата се проценува на околу 450 милиони долари, а може да прими до 48 гости во 24 комфорни кабини, додека пак посадата е побројна, околу 80 членови.


Чудо на богати содржини

Меѓу луксузните содржини се наоѓаат два хелиодроми, голем базен, модерна теретана, ексклузивна дневна просторија и клуб на плажа.

Моќните MTU мотори овозможуваат максимална брзина од 20 чворови, додека пак годишните трошоци за одржување достигнуваат меѓу 40 и 50 милиони долари, а дневните трошоци се околу 140.000 долари.


Со „Оpera“ често плови и „Bleu de Nimes“ експедициска мегајахта долга 2 метри изградена во 1980 година која била реновирана и претворена во луксузен брод. Таа може да прими до 28 гости во 13 кабини и позната е по својата сила и способност за долги експедиции.

Првобитно воен брод, денес ѝ дава поддршка на „Opera“ со дополнителна посада, спортска опрема и помошни пловила.


Посетата на шеикот на Дубровник пред две години привлекла огромно внимание во јавноста, а неговото шетање низ градот додека јахтата била усидрена во близина на градот оставило моќен впечаток.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk