STREET FIGHTER II: World Warrior е една од најважните боречки игри на сите времиња и често на пописот на игри е окарактеризирана како најдобрата на сите времиња.
Позната е и по својата тежина, а јутјуберот Декс открил како компјутерот во таа игра ги лажел играчите и тоа на повеќе начини.
Второто продолжение на сега веќе култниот серијал Street Fihgter излезе во 1991-та година, а една година подоцна стигна и на Супер Нинтендо. Продадени се повеќе од 14 милиони примероци, што е многу добар резултат доколку земеме предвид дека тоа се случува на почетокот на 90-те години.
Но, сега големо внимание привлече Јутјуб видеото на споменатиот јутјубер кој откри дека играта “лажела“. Во видеото е прикажано како ликовите кои ги контролира компјутерот можат накратко да станат неуништливи. Пребрзо закрепнуваа кога беа оневозможени да се борат и инстантно можеа да изведат потези за кои на играчите им беа потребни само 2 секунди. Компјутерот исто така побрзо ги внесуваше контролите отколку што човекот можеше да ги направи. За крај, можеа да се изведат потези кои играчите не можат да ги блокираат.
Сето тоа предизвикало големи фрустрации кај играчите, но не влијаело на нивниот успех во играта.
Доколку денес некоја од игрите би ја доживеала истата судбина веројатно би налетала на “исмејување“ од целата заедница на интернет, а дивелоперите би морале да се оправдуваат за таквата постапка. Меѓутоа, некогаш играчите беа поразлични и можеа да се помират со тоа да не можат да победат во одредена игра. Денес, веројатно такво сценарио не е возможно.