Како најпопуларниот софтвер на СССР - “Тетрис“ го освои целиот свет!?

Супермен

04/11/2019

15:50

3.161

Големина на фонт

а а а

Речиси и да нема човек во светот кој дел од своето детство не го одбележал една од првите и најпопуларни видео игри - “Тетрис“. Популарната игра ја направил рускиот инженер Алексеј Пажитнов.

“Тетрис“ ја испрограмирал како тест програма за новиот советски компјутер во 1984-та година. Тогаш немал поим дека таа едноставна загатка засекогаш ќе му го промени животот.

Пажитнов бил софтверски инженер на Советската академија на науките во Москва со задача да го тестира компјутерот - Електроника 60. За да го направи тоа тој направил едноставна игра заснована на загатка од детството.

Кога на 6-ти јануари 1984-та година првпат го отпочнал програмот, Пажитнов не можел да верува дека играта ќе стане една од најголемите и најуспешни на сите времиња.

Како инспирација му послужила Пентамино, класична игра на табла во која се комбинираат пет квадрати и може да се направат 12 различни облици со цел како сложувалка да се состави во дрвена кутија.

За да ја поедностави играта тој го сменил бројот на квадратите на четири со што бројот на облици е намален од 12 на 7. Играта ја нарекол “Тетрис“, комбинација од грчкиот број “тетра“ што значи четири и тенис кој бил негов омилен спорт.

Не поминало многу време и Пажитнов веднаш се “навлекол“ на играта.

„Не можев да престанам. Играњето на таа прототипска игра беше многу заразно“ - изјавл Пажитнов за Си-ен-ен по телефон од Сиетл каде што и денес живее.


Создавањето на видео играта во советска Русија на врвот на Студената војна бил далеку од лесен. Само благодарение на брилијантноста на неговата идеја, “Тетрис“ од необичен тест на програма станал светски феномен.

“Тетрис“ веднаш станал популарен кај програмерите кои имале пристап до компјутерот Електроника 60 иако таа машина немала речиси никакви графички можности и помалку меморија од денешните компјутери.

Потоа сите кои во Советскиот Сојуз имале копјутери наскоро ја имале и “Тетрис“.

Пажитнов не заработувал пари од играта ниту пак имал намера да го прави тоа. Идеите врз кои играта била направена биле во сопственост на државата. А, луѓето за “Тетрис“ зборувале многу и самите го копирале на дискети.

До Пажитнов стигнале гласините дека играта можеби ги преминала границите на СССР и дека играта се игра и во другите држави низ светот. Тој во 1986-та година добил порака од Роберт Стајн, продавач на софтвери од лондонската компанија „Андромед“.


Стајн, кој “Тетрис“ ја видел во Унгарија сакал да обезбеди права за продажба на “Тетрис“ како комерцијална компјутерска игра на Западот. Тој однапред понудил значајна сума на пари. Кога Алексеј рекол дека можеби може да биде постигнат договор, Стејн тоа го видел како зелено светло па веднаш почнал да ја произведува играта.  

Кога играта била подготвена да се појави на западниот пазар, Стајн добил порака од ElektronOrgTehnika во која му било соопштено дека правата не му се официјално обезбедени и дека продавањето на играта е незаконско.

Стајн на крајот се откажал, а “Тетрис“ во Велика Британија и САД како комерцијален PC наслов се појавил во 1988-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk