Гените се вистинско чудо: Наследникот на Арнолд Шварценегер воодушевува со мускулестото тело

Супермен

27/01/2021

09:01

13.572

Големина на фонт

а а а

Младиот Џозеф веќе е миленик на дамите, а погледите кои што му ги упатуваат очигледно не му пречат.

Славниот актер Арнолд Шварценегер и во осмата деценија води грижа за својот изглед и редовно тренира, а дека генетиката е чудо кажува и податокот што неговиот вонбрачен син Џозеф Баен исто така е љубител на теговите и спортските активности.

Шварценегер синот го добил со куќната помошничка во некоја нивна авантура, како што тоа беше претставено во медиумите.

Сепак, младиот Џозеф е „копија“ на својот татко, а девојките не можат да му одолеат.

Тој неретко споделува фотографии и видеа од теретана на кои што позира без маица.

Моментално работи како фитнес тренер, а тој вид реклама на социјалната мрежа Инстаграм е полн погодок.

Неговиот познат татко е горд на него затоа што „тргнал по вистинскиот пат“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk