Бил тоа еден од трите „идентични“ автомобили кои биле наменети за филмските сцени, но дефинитивно најважниот.
„Nissan 24OSX“ којшто бил користен во текот на снимањето на филмот „Fast & Furious“ целосно е уништен.
Филмот во кината се појавил пред 23 години, а споменатиот „Nissan 24OSX“ ѝ припаѓал на актерката Мишел Родригес. Тоа бил еден од трите „идентични“ автомобили наменет за снимање на филмските сцени, но дефинитивно најважниот.
Техничкиот советник за автомобили во раните филмови на популарната франшиза, Крег Либерман, изјавил дека двата примероци од автомобилот биле каскадерски, па биле наречени „Stunt One“ и „Stunt Two“.
Под хаубата тие содржеле оригинални мотори, но добиле ново „одело“ за улогата во филмот. Меѓутоа, главниот „херој“ бил многу поинтересен, за потребите на филмот бил изнајмен од неговиот сопственик, а имал „SE20DET“ мотор со 400 KS.
Филмската екипа го излакирала автомобилот во виолетова боја, иако таа изгледа поинаку во филмот поради филтерот на камерата.
Автомобилот после снимањето бил вратен на сопственикот којшто му ја вратил и оригиналната сребрена боја, а во наредните години тој се нашол на насловните страници на бројни магазини.
Потоа автомобилот ги менувал сопствениците до 2009 година кога бил за последен пат купен. За жал, од автомобилот бил изваден моторот и делови од него биле продадени на отпад. Либерман тврди дека автомобилот потоа бил „претворен во конзерва“.
Од друга страна, позитивно е тоа што двата каскадерски автомобили сѐ уште се „живи“, па биле искористени и во текот на снимањето на другите делови од филмот „Fast & Furious“,. но во други бои, а сега тие се наоѓаат во гаражата на еден од нивните сопственици.