Како влезе Федерер во клубот на богатите со 1,3 милијарда долари? Повеќе пари заработил од други нешта отколку од освојувањето титули

Супермен

16/07/2025

15:04

1.986

Големина на фонт

а а а

Тениската ѕвезда е вредна 1,3 милијарди долари, но без оглед на тоа што заработил милиони преку освојување турнири, неговите вложувања, како она во произведувачите на обувки „On“, како и договорот вреден 300 милиони долари со брендот „Uniqlo“ значително го зголемиле неговото богатство.

Рожер Федерер е најновиот член на клубот на милијардери, со нето богатство проценето на 1,3 милијарди долари.

Сепак, иако освоил многу Гренд слем титули, наградниот фонд чинат само мал дел од неговото вкупно богатство.

Неговите долгогодишни спонзорски договори со брендовите како „Rolex“ и „Mercedes Benz“, како и новото партнерство со „Uniqlo“ и вложувањата во компанијата за произведување обувки „On“, значително придонеле во неговиот финансиски успех.


Богатството на Федерер вклучува и 130,6 милиони долари кои ги заработил на турнирите во текот на својата 24-годишна кариера, во која осум пати го освоил Вимблдон и пет пати УС Опен.

Сепак, неговиот најголем финансиски раст доаѓа благодарение на деловните договори надвор од теренот.

Луксузните спонзорски договори му донеле милиони во текот на кариерата, вклучувајќи околу 8 милиони долари годишно од „Rolex“, 5 милиони од „Mercedes Benz“ и вкупно 20 милиони долари од „Lindt“.

Неговата одлука од 2018 година да го раскине договорот со „Nike“ чие заштитно лице бил од своја 13 година, се покажала како исклучително занесна.


Набрзо потоа, потпишал договор вреден 300 милиони долари со јапонскиот бренд „Uniqlo“ кој се исплаќа во период од 10 години.

Федерер во 2019 година направил уште еден потег вреден за внимание кога купил 3 отсто од уделот во швајцарската компанија за производство на обувки „On“, откако неговата сопруга и пријатели станале опседнати со тие патики.

Популарноста на овие обувки „експлодирала“ и во САД. Компанијата „On“ сега вреди околу 17 милијарди долари, што значи дека само уделот на Федерер вреди најмалку 500 милиони долари.


И додека неговото име историски се поврзуваше за тениска величина, во говорот којшто во 2024 година го одржал, Федерер на генерацијата Z ѝ порачал дека треба да излезат од своите рамки и да бараат исполнет живот.

„Сите имате многу да дадете и се надевам дека ќе ги најдете своите единствени начини да направите разлика затоа што животот навистина е многу повеќе од терен“, изјавил Федерер тогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk