Од девојка од 19 години до дедо од 93 години: Сите се добредојдени на листата на милијардери на „Forbes“

Супермен

03/04/2024

19:30

9.842

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Тејлор Свифт од скоро се наоѓа на листата на „Forbes“ на милијардери. После нејзината музичка турнеја, во текот на која одржа 152 концерти на пет континенти, нејзиното богатство се зголемило.

Таа е единствената музичка ѕвезда која заработила толку пари од песните и настапите, пренесува „Sky News“. Ова воедно е првпат Свифт да се приклучи на рангот на милијардери откако нејзиното богатство беше проценето на 1,1 милијарда долари.

Листата на најбогатите луѓе на светот на „Forbes“ моментално изгледа вака:

1. Бернард Арно и семејството: 75-годишниот човек е најбогат на светот, со нето вредност од 233 милијарди долари. Од Франција го надгледува царството од 75 модни и козметички брендови, вклучувајќи ги и „Louis Vuitton“ и „Sephora“.


2. Илон Маск: Препуштајќи го првото место, сопственикот на „Tesla“ и „Space X“, вреди 195 милијарди долари.

3. Џеф Безос: 60-годишниот основач на „Amazon“ е вреден 194 милијарди долари.

4. Марк Закерберг: Уште едно познато име во првите 10 е основачот на „Facebook“, денешна „Meta“, со нето вредност од 177 милијарди долари на само 39 години.

5. Лари Елисон: Основачот на софтверскиот гигант „Oracle“ кој компаниите го користат за складирање и преземање информации, вреди 141 милијарди фунти.

6. Ворен Бафет: 93-годишниот инвеститорот и извршен директор на мултинационалниот конглометар „Berkshire Hathaway“ вреди 133 милијарди долари.

7. Бил Гејтс: Коосновачот на „Microsoft“, Гејтс има нето вредност од 128 милијарди долари.

8. Стив Балмер: Поранешниот директор на „Microsoft“, вреди 121 милијарди долари.

9. Мукеш Амбани: Неговата компанија „Reliance Industries“ е најголемата корпорација во приватниот сектор во Индија со интереси во малопродажбата, финансиските услуги, нафта и гас, петрохемија, телекомуникации и финансиски услуги, што го прави вреден 116 милијарди долари.

10. Лари Пејџ: Овој 51-годишник и натаму е контролен акционер во „Alphabet“ каде се повлекол од местото извршен директор во 2019 година и вреден е 114 милијарди долари.


Листата никогаш не била подолга од овогодишната, пишува „Forbes“, а вкупното богатство на оние на неа изнесува 14,2 билиони долари.

Новата најбогата личност на листата е тајкунот Андреа Пигнатаро од Италија којшто сега вреди 27,5 милијарди долари.

Софија Хогберг Шорлинг и нејзината сестра Марта Шорлинг Анден, ќерките на тајкунот Мелкер Шорлинг, се најбогатите жени кои се придружиле на листата и секоја од нив има проценето богатство од по 5,6 милијарди долари.

Ливија Воjгт (19) е најмладата милијардерка на светот и најмлада меѓу оние кои се приклучиле на листата, откако наследила 1,1 милијарди долари врз основа на уделот во бразилски „VEC“ чиј основач е нејзиниот дедо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk