Инфлуенсер тврди дека вака изгледа на 57 години поради здравите навики, следбениците го критикуваат: „Продолжи да ги залажуваш луѓето“

Супермен

01/07/2024

18:53

2.068

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерот Едсон Брандао, кој живее во Холандија, тврди дека има 57 години и никогаш не „отишол под нож“ за да постигне младешки изглед.

„Мојот изглед го должам на здравите животни избори. Отсекогаш сум давал приоритет на грижата за себе со урамнотежена исхрана, секојдневно вежбање и хидратација. Доволното спиење и заштитата на мојата кожа од сонце се клучни делови од мојата рутина“, напишал тој.


Брандао понатаму навел дека исто така е важно да се има позитивен начин на размислување, ефикасно да се управува со стресот и да се најде радост во животот.

Тој претходно сподели дека во овие години се чувствува подобро од кога било досега. Сепак, неговите следбеници му упатиле бројни критики во коментари.


„Здрав избор е да се прифатиш себеси таков каков што си. Луѓето стареат и тоа е убаво“, „Гледам дека си вбризгувал ботокс и си правел многу други работи. Продолжи да ги залажуваш луѓето“, „Не можеш да направиш гримаса поради силните пластични операции“, се дел од коментарите.


Едсон тренира секој ден - комбинира кревање тежини и кардио вежби. За појадок, тој обично консумира овошно смути, бадемово млеко, житарки и вегански палачинки. За ручек јаде риба или пилешко со зеленчук и кафеав ориз, а за вечера лосос со печурки, домати и кафеав ориз или сладок компир.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk