Аплауз за сочниот бакнеж на стадионот: Јунакот на Англија со години ја љуби оваа убавица

Супермен

11/07/2024

15:14

15.472

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот Оли Воткинс ја одведе Англија во финалето, а таа беше негова најголема поддршка.

Репрезентативецот на Англија, фудбалерот Оли Воткинс, кој во 90-та минута ја затресе мрежата на Холанѓаните, постигна гол и ја пласираше својата земја во финалето на Европското првенство, поради својот подвиг беше вистински херој на овој натпревар.


Оттогаш е во центарот на вниманието, а одличниот погодок дополнително го „зачини“ со сочен бакнеж со својата поубава половина. Убавата Ели Алдерсон, со која фудбалерот веќе со години е во врска, беше на трибините и го бодреше своето момче, а по натпреварот тој дотрча до неа и ја бакна.

Сцената заслужи и доби огромен аплауз од навивачите, а Ели по натпреварот објави дека е многу горда на своето момче: „Го доби својот момент и го искористи“.


Популарниот пар има две деца, ќерка и син, а врската ја потврдија во декември 2018 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk