Драма на повидок? И сопругата и љубовницата на англискиот репрезентативец пристигнале во Германија да го гледаат финалето

Супермен

12/07/2024

17:00

13.925

Големина на фонт

а а а

Англија и Шпанија во недела ќе го играат финалето на Европското првенство, но на еден англиски репрезентативец ќе му биде тешко да се фокусира на најдобрата можна игра.

Како што пишува „The Sun“, Кајл Вокер е на „тешки маки“ затоа што неговата сопруга Ени Килнер и неговата љубовница Лорин Гудман допатувале во Германија за да ја бодрат Англија во финалето.

И двете на исто место

Британските медиуми пренесуваат дека на обезбедувањето на англиската репрезентација му било наредено да ја држи Лорин подалеку од зоната во која се наоѓаат фудбалерите на Англија и нивните семејства, за да се избегнат можни инциденти.


„Лорин е проблематична, а најлошиот кошмар на Ени би бил средбата со неа. Се шпекулира дека седиштата на Лорин на трибината се оддалечени помалку од 100 метри од оние на Ени“, вели извор.

Сопругата на Вокер со себе во Германија ги доведе и нивните четири деца, а Лорин го доведе детето што го има со англискиот фудбалер. Таа неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија од нивното дете облечено во дресот со број 2 на Вокер, само што наместо неговото презиме пишува „тато“.


Лорин ѝ го покажала ДНК тестот на Ени

Лорин на почетокот на годината изјави дека на сопругата на фудбалерот ѝ го покажала ДНК тестот кој докажува дека Вокер е татко на нејзината ќерка.

„Беше ладна и смирена бидејќи се сомневаше дека Кајл е таткото“, изјави Гудман.


Вокер, тврди Гудман, ја криел вистината од сопругата и од светот. Имал две семејства и се плашел што ќе се случи ако Ени дознае. „Постојано му велев дека нашата ќерка не може да биде тајна, таа е личност“, заклучила Гудман.

Сепак, драмата не завршува тука. Кајл ги изневерувал и Ени и Лорин со трета жена, објавија британските медиуми претходно оваа година. Фудбалерот ја запознал неименуваната манекенка во клуб на почетокот на 2019 година, а нивната врска траела до септември 2021 година, а парот, според британскиот таблоид, размислувал да има деца.

Вокер се извини за сè

Вокер, инаку, има четири деца со Ени, а две со Гудман. Фудбалерот се извини за сите негови постапки. „Она што го направив беше ужасно и преземам целосна одговорност. Донесов идиотски избори и идиотски одлуки. Не можам ни да замислам низ што поминува Ени“, рече тој.

„Кога ја запознав Ени на 17 години, никогаш не замислував дека мојот приватен живот ќе биде ваков. Никогаш не мислев дека ќе бидам татко на шест деца. Единствениот виновен сум јас. Имам одговорност за која сум свесен. Направив глупави избори, но морам да ги признаам моите грешки, тоа им го должам на сите“, додаде фудбалерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk