[ФОТО] Производството сè уште не започнало, а "Renault" веќе заработува милиони од овој автомобил

Супермен

02/05/2025

13:43

2.620

Големина на фонт

а а а

"Renault" уште не започнал со производство на новиот "Renault 5 Turbo 3E", а веќе бележи огромна заработка – благодарение на големата побарувачка за овој електричен спортски модел, кој ќе биде произведен во само 1.980 примероци, со почетна цена од 155.000 евра.

Резервациите за овој ретро-инспириран електричен автомобил беа отворени пред само една недела, но веќе предизвикаа финансиски бум – и пред да излезе и еден автомобил од фабриката. Секој купувач мора веднаш да уплати капар од 50.000 евра, а само неколку часа по отворањето на нарачките, "Renault" објави дека веќе се резервирани 500 примероци, што значи дека компанијата инкасирала најмалку 25 милиони евра само од капари.

Сериското производство ќе започне најрано во 2027 година, а персонализацијата на возилата ќе стартува веќе следната година.


Технички карактеристики: Сила на суперавтомобил во ретро амбалажа

"Renault 5 Turbo 3E" е целосно електричен и располага со два електромотори со вкупна сила од 540 коњски сили(2 × 200 kW). И покрај батерија со капацитет од 70 kWh, вкупната маса на автомобилот не надминува 1.450 килограми, што резултира со однос маса/сила од 2,7 кг по коњска сила – споредливо со некои култни суперавтомобили.

Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае помалку од 3,5 секунди, додека очекуваниот досег со едно полнење надминува 400 километри.

Батеријата се полни целосно за околу 8 часа со 11 kW AC полнач, додека со брз "DC" полнач од 350 kW, батеријата од 15 до 80% се полни за само 15 минути.


Подготвен и за трка – и за дрифт

Благодарение на 800-волтната архитектура, автомобилот е подготвен за сериозни предизвици на тркачки патеки. Максималната брзина изнесува 270 km/h, а возачите ќе располагаат со „boost“ команда за дополнителна сила, како и четири нивоа на регенеративно кочење.

Во рамки на "MULTI-SENSE" системот, достапни се четири режими на возење:

• Snow (за снег)

• Regular (стандардно)

• Sport (спортски режим)

• Race (тркачки режим со функција за дрифт-асистенција)



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk