Познатиот актер (67) ја откри тајната на среќниот брак со сопругата (28)

Точка

28/04/2025

10:14

959

Големина на фонт

а а а

Шведскиот актер и моќник Долф Лундгрен (67) откри што според него е тајната на неговиот среќен брак со сопругата Ема Крокдал (28).

Долф се оженил со Ема во јули 2023 година, среде неговата борба со ракот. Интимната свадбена церемонија се одржа во Миконос, Грција, а ова е негов втор брак, откако поминал 20 години со Анет Квиберг.


Тајната, тврди тој, е во – прегратката

Иако неговиот брак со Крокдал е релативно нов, актерот вели дека постои тајна за одржување на силна и среќна врска.

„Ја прегрнувам, ѝ давам убава, голема прегратка десет пати дневно“, изјавил актерот за „Фокс њуз“.


„Се обидувам да ја прегрнам неколку пати пред ручек. Звучи едноставно и малку глупаво, но тоа неутрализира многу несогласувања и недоразбирања. И нè прави двајцата да се чувствуваме добро. Тоа е мојот нов рецепт“, рекол Долф.


Актерот додал: „Кога имате расправии, кога сакате да бидете во право, но и другата личност сака да биде во право, мора да направите вашиот партнер да се чувствува добро, дури иако во тој момент не се согласувате. Фразата „среќна сопруга, среќен живот“ е вистина. Мора меѓусебно да се почитувате и да си давате комплименти“.

Што мисли тој за разликата во годините?

Актерот еднаш прозборел за нивната разлика во годините.


„Чувствувам дека Ема е многу зрела за нејзини години. Имала интересен живот. Дојде тука од мал град во Норвешка. Се омажи, имаше тежок развод и помина низ многу работи низ кои повеќето млади луѓе на нејзина возраст не мора да поминуваат“, изјавил Лундгрен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk