Младиот фудбалер на Барселона, Ламине Јамал (17), продолжува да го воодушевува фудбалскиот свет со неговата игра, но потеклото на неговото име е навистина невообичаено.
Инаку тој беше клучен актер во ремито помеѓу Барселона и Интер (3:3) во полуфиналето на Лигата на шампионите, а со своите достигнувања значително ги надмина Лионел Меси и Кристијано Роналдо на иста возраст.
Херојот на Шпанија во нивниот поход по европскиот трон продолжи да брилира и во последните денови е во фокусот на сите светски медиуми, а многумина веруваат дека тој веќе ја заслужува Златната топка, иако сè уште нема 18 години.
По овој повод, шпанскиот весник „Трибуна“ објави интересна приказна за неговото име. Имено, овој млад крилен напаѓач го носи името „Ламине Јамал“ на дресот, но истото не е поврзано со неговото семејство.
Имено зад името на тинејџерска сензација се крие срцепарателна приказна за чиста благодарност.
Неговото целосно име е Ламине Јамал Насрауи Ебана. Насрауи е презимето на неговиот татко, а Ебана е презимето на неговата мајка.
Меѓутоа, името „Ламине Јамал“ е знак на благодарност кон луѓето кои му помогнале на неговото семејството да преживее во најтешките времиња.
Според „Трибуна“, седумнаесетгодишникот го добил името по двајца мажи, целосни странци, кои му помагале на неговото семејство да ја плати киријата во најтешкиот период од младоста на неговиот татко. Имињата на тие двајца мажи биле Ламин и Јамал.
Како знак на благодарност, таткото на Јамал им ветил дека ако некогаш има син, ќе го носи името на луѓето што му помогнале во најтешките денови. Тоа и се случило, а ова дуо стана светски познато благодарение на ова фудбалско „чудо од дете“.