[ФОТО] Таа е вистинска Барби во светот на спортот – Но, за љубовта нема време

Точка

02/05/2025

18:14

1.845

Големина на фонт

а а а

Таа неодоливо наликува на куклата Барби поради нејзината руса коса и атрактивен изглед, а освен во спортот, таа е многу популарна и на социјалните мрежи – а погледнете и зошто.

Руската каратистка Дарија Туљакова (23), која ја нарекуваат Барби поради тоа што неодоливо потсетува на куклата Барби, веќе долго време привлекува големо внимание.

Благодарение на нејзината мајка, која е тренер по карате, таа успеала да ги совлада потребните вештини и да стане шампионка на Русија, но и да се врати дома од Светското првенство со сребрен медал.


Иако било тешко да се координираат тренинзите со училиштето, како и справувањето со поразите верувањето во себе, поради фактот што била упорна во сите сегменти, денес може да се пофали со стотици победи.


Со оглед на спортот со кој се занимава, модринките се неизбежни, а таа признала дека често мора да ги прикрие со шминка.


„Секој пат кога излегувам на татама или тренирам со мажи, сакам да покажам дека жените можат рамноправно да се борат и да остварат врвни резултати“, изјавила Дарија, која е исто така многу популарна на социјалните мрежи.


Имено таа има повеќе од 150.000 следбеници на Инстаграм, ја красела насловната страница на машкото списание „MAXIM“, а покрај тоа, таа е амбасадор на Адидас во Русија.


Меѓутоа интересно е тоа што оваа русокоса убавица и понатаму е слободна и истакнала дека нема време за љубов.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk