[ФОТО] Поради презгодната Марија никој не ја прескокнува оваа телевизија: Мажите сонуваат за фаталната водителка

Супермен

28/04/2025

21:30

1.785

Големина на фонт

а а а

Марија Ареџини некогаш била модел и манекенка, а сега важи за една од најпопуларните водителки, која успешно носи голема публика на телевизијата на Реал Мадрид.

Родена е во 1998 година во малото италијанско гратче Леќо, а љубовта кон манекенството ја развила уште од мали нозе. Нејзината природна убавина и атрактивни атрибути, особено градите, не останаа незабележани.


Кариерата во светот на манекенството ја започнала пред осум години, кога ја освоила титулата Мис Ломбардија, а потоа се натпреварувала за најубава девојка во Италија. Недолго потоа зачекорила во светот на новинарството и во меѓувреме станала препознатливо лице.


Неколку години работела на „Sport Italia“ каде ја водела емисијата, а набрзо добила и своја емисија „Maria's place“ каде правела интересни интервјуа со спортистите.


Неодамна таа го привлече вниманието кога направи предизвик за „The Sun“ во кој зборуваше за спортистите и ги избираше фаворитите, врз основа на нивните најдобри игри. Марија привлече големо внимание со своите изјави и умешни одговори и набрзо стана уште попопуларна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk