Феноменот на „Lububu“ кукличките: Сопственикот на компанијата за 24 часа заработил 1,6 милијарди долари благодарение на мистериозната играчка

Супермен

23/06/2025

21:04

2.041

Големина на фонт

а а а

Само ретки не слушнале за кукличките „Labubu“ кои, иако на прв поглед изгледаат само како уште една необична играчка, всушност кријат пазарен феномен којшто на сопственикот на компанијата „Pop Mart“ му донел вртоглава заработка.

Ванг Нинг, основач и извршен директор на овој кинески гигант за колекционерски играчки, станал побогат за дури 1,6 милијарди долари за само 24 часа, благодарение на глобалниот успех на своите играчки.

Овие куклички кои доаѓаат спакувани така што купувачот не знае кој лик точно ќе го добие, предизвикале вистински хаос ширум светот.


Моделот на продажба основан врз тоа да изненадува станал централен дел од стратегијата на „Pop Mart“ и очигледно дека се исплатил.

Компанијата изградила вистинска империја врз основа на „ефектот на изненадување“, додека пак фановите се подготвени со часови да чекаат и да трошат стотици долари за да стигнат до фигурите кои компанијата ги истакнала како ретки.

„Labubu“ кукличката со насмевка и уши на самовила станала најбараниот лик од оваа понуда. Во последните неколку седмици, интересирањето за оваа играчка рапидно се зголемило, особено на американскиот пазар, но побарувачката не запира и во останатите делови од светот.

Во исто време, акциите на „Pop Mart“ забележале огромен раст, што директно влијаело на зголемувањето на богатството на основачот на компанијата.

Аналитичарите велат дека ваквиот пораст е редок, но не и неочекуван со оглед на темпото со кое „Pop Mart“ ги шири своите делувања и влијанија кои ги има на пазарот на играчки и колекционерство.


Сепак, не се сите воодушевени со ваквиот тренд. Критичарите предупредуваат, истакнувајќи ја сличноста со механиката на коцкање и потенцијална зависност, особено меѓу помладата публика.

Секундарниот пазар исто така „цвета“, ретките „Lububu“ куклички се препродаваат за 100-на односно 1000 долари.

Без оглед на контроверзите, едно е сигурно – „Pop Mart“ го погодил стилот на современите купувачи, а Ванг Нинг станал еден од најбогатите луѓе во кинеската индустрија на забава, благодарение на една мистериозна, мала играчка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk