Босна и Херцеговина ја посетуваат сè повеќе туристи во последните неколку години, но сè уште не е многу популарна дестинација во споредба со другите европски земји. Во овој поглед, еден британски новинар сподели зошто треба да ја изберат за својот одмор.
Британскиот портал „Express“ објави статија од новинарот Рави Меа со наслов „Престанете да летате во Хрватска, оваа европска земја има 90 отсто помалку туристи“.
„Кога станува збор за планирање на совршен пролетен или летен одмор, Босна и Херцеговина обично не е првата земја што ви паѓа на ум. Ужасните заблуди за Балканот, особено имајќи ја предвид неговата крвава неодамнешна историја, честопати го прават регионот, а со тоа и Босна, неправедно запоставен“, рекол.
Тој понатаму истакнува дека кога луѓето одлучуваат да го посетат Балканот, БиХ обично „се наоѓа во сенка на своите популарни соседи – Хрватска“, која, според податоците од Хрватскиот туристички завод, минатата година ја посетиле повеќе од 21 милион туристи, додека БиХ ја посетиле 1,9 милиони туристи.
„За споредба, 1,9 милиони туристи поминале низ границите на Босна и Херцеговина во истата година, што е приближно 90 отсто помалку. Сепак, да се пропушти оваа помалку посетена земја е да се пропуштат такви исклучителни природни убавини, историски споменици и прекрасни пејзажи“, додал тој.
Тој исто така напиша дека БиХ станува сензација на социјалните медиуми благодарение на туристите и корисниците на ТикТок, кои најчесто ги посетуваат Сараево, Мостар и водопадот Кравица.
Тој сподели и искуството на еден корисник на Редит, кој ја опиша Босна и Херцеговина како „непристојно убава“. Тој го посетил Балканот за првпат во април годинава.
Bosnia & Herzegovina is obscenely beautiful
byu/ikoke intravel
„Ја одбрав Босна и Херцеговина затоа што сум љубител на историјата, а Босна изгледа како олицетворение на границата меѓу Истокот и Западот (и покрај претерано употребената клише фраза), има фасцинантно наследство кое е мешавина од јужнословенски, отомански и австроунгарски влијанија“, напишал корисникот на Редит.
Во таа прилика тој ги посетил Сараево, Коњиќ, Мостар, Благај и Почитељ. За Коњиќ затоа што сакал да посети помалку туристички град, а дополнителен бонус било што таму се наоѓа бункерот на Тито, додека причината за посетата на Мостар била очигледна.
Сараево особено го воодушевило поради неговите бројни музеи, каде што ја истакнал посетата на Музејот на военото детство и Галеријата 11.07.95. Тој споделил и дел од неговите забелешки, а тоа е да не се потпираат на банкарски картички за плаќање.
На крај го завршил својот патопис со составување листа од шест совети и набљудувања. Ова вклучува предупредување туристите да не се потпираат на нивните банкарски картички за плаќање, како и дека луѓето се генерално пријателски расположени.