Доколку сте во потрага по место каде што природата и традицијата се спојуваат во лековита хармонија, Височката бања е место кое може пријатно да ве изненади.
Оваа мала, но чудесна бања со векови привлекува посетители кои бараат природно лекување, релаксација и автентично искуство на југот од Србија.
Височката бања се нарекува и „српски Тајланд“ поради својата феноменална природа, пред сè поради тиркизната, проѕирна вода. Се наоѓа во клисурата на Велики Рзав, една од најчистите реки во Србија, под селото Висока, а посетителите се капат во двата базени со лековита вода, пишува нова.рс.
Имено, Височката бања е позната по своите термални извори богати со сулфур, кои со векови се користат за лекување на ревматични и кожни заболувања, проблеми со коските и мускулите, како и за постоперативно закрепнување. Постојат легенди за тоа како биле откриени изворите на Височката бања, но и како на ова место се лекувале хероите што се враќале од Битката на Косово Поле.
Температурата на лековитата вода на ова бања изнесува околу 27°C – истекувајќи од колекторот, претходно загреана во подлабоки слоеви и излегувајќи на површината се меша со ледената речна вода и се лади.
Иако бањата е помала и поинтимна од попознатите туристички центри, во нејзина близина можат да се пронајдат приватни сместувања, етно куќи и помали пансиони со домашна атмосфера. За љубителите на пешачењето и природата, тука се лесните планински патеки, како и можност за посета на блиските културно-историски локалитети вклучувајќи манастири и археолошки наоѓалишта.
Окружена со зелени ридови и недопрена природа, Височката бања нуди чувство на мир и тишина. Без голем метеж или урбан стрес – оваа бања е совршено место за оние кои сакаат да избегаат од секојдневието и да си дозволат викенд одмор.