[ФОТО] Софија Вергара измами воздишки во провокативната поза: Нозете во преден план

Точка

28/05/2025

13:22

1.914

Големина на фонт

а а а

Колумбиско-американската актерка Софија Вергара, позирајќи во костим за капење, го привлече вниманието и предизвика воодушевување кај бројните обожаватели кои ја следат на социјалните мрежи.

Таа позираше лежејќи на кауч, со нозете во преден план, а под објавата напиша: „Летото речиси пристигна“ и го означи својот бренд за нега на кожа. Во коментарите обожавателите ѝ упатија бројни комплименти за нејзиниот изглед.

„Најубавата жена на светот“, „Летото дефинитивно не е подготвено за тебе“, „Оваа жена доминира со светот“, „Ми го разубави денот“, беа дел од нив.


Актерката неодамна изјави дека во своите педесетти години има поголема самодоверба од кога било досега.

„Кога ќе стигнете до одредена возраст, знаете повеќе за животот. Тоа е една од забавните работи во врска со стареењето: сфаќате што е важно во животот, а што не е“, рече таа во интервју за „E! News“.


Инаку минатиот викенд Вергара уживаше на Големата награда на Ф1 во Монако. Од друга страна на почетокот од оваа година се шпекулираше дека е во љубовна врска со Луис Хамилтон, но близок извор изјавил дека тие само се дружат и немаат планови да бидат заедно поради големата разлика во годините. Имено, таа е 12 години постара од Хамилтон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk