Гимнастичарката Симон Бајлс моментално ужива на одморот со својот сопруг Џонатан Овенс, а ги воодушеви своите обожаватели со неколку предизвикувачки фотографии во бикини кои не ги оставија рамнодушни.
Бајлс позирала во дводелен костим за капење „Фенди“, а воедно ги разгоре гласините дека се подложила на естетска процедура, односно зголемување на градите. Сепак, Симон не се огласи во врска тоа и само напиша: „Отидовме во Белизе“.
Таа го надополни изгледот со дебел златен ѓердан и очила за сонце, а во едната рака држела пијалак. На една од фотографиите, таа позирала и со сопругот, а обожавателите и упатија бројни комплименти за изгледот.
Иако многумина тврдат дека ги зголемила градите, имајќи ги предвид нејзините претходни фотографии во бикини, гимнастичарката не одговори на тие тврдења.
Сепак, со оглед на тоа што во последно време јавните личности сè повеќе отворено зборуваат за процедурите и операциите што ги направиле, што неодамна го направи и Клои Кардашијан, можеби и Симон ќе го направи истото, особено откако еднаш призна дека користела ботокс, но дека не била задоволна од резултатите и дека престанала поради таа причина.