[ФОТО] Недвижнина од соништата која го привлече вниманието кај купувачите: Мала куќичка со голем плац и маслинки, на 3 километри од морето – ова е цената

Супермен

09/07/2025

11:17

1.228

Големина на фонт

а а а

Пазарот на недвижнини во последниве години бележи голем и континуиран раст на цените, што е случај и во Хрватска.

Иако предвидувањата за стабилизирање на цените постоеја уште во 2023 година, реалноста во 2025 година покажува друга насока.

Имено, цените на метар квадратен, особено на Јадранот и во поголемите градови како Загреб, продолжуваат да растат.

Податоците од 2025 година покажуваат дека метар квадратен во поголемите градови и на крајбрежјата често надминува 3.700 евра.


Истра е една од најпосакуваните туристички локации, а цените на недвижнини во овој регион тврдоглаво растат.

Мала куќичка со површина од 40 метри квадратни, опкружена со голем плац и оддалечена на само 5 километри од Ровињ, а 3 километри од морето и уредените плажи се нашла на оглас за недвижнини.

Куќата се состои од дневна соба со кујна на отворено и трпезарија, спални соби и бања.

Поседува голема парцела земјиште

Особена предност на оваа куќа е пространата парцела со површина од 25.880 метри квадратни, чиј дел опфаќа прекрасни маслинки со околу 50 стебла.

Зад куќата се наоѓа метална шупа која служи како остава и дополнителен простор за складирање.


Куќата е изградена во 2022 година има градежна дозвола, а градската вода и струја се наоѓаат директно на плацот.

„Оваа единствена недвижнина опкружена со мирни, прекрасни, идилични истарски пејзажи е одличен избор за одмор, живот или изнајмување во текот на туристичката сезона“, се наведува во огласот, а нејзината цена е 297.000 евра.

Фотографии од куќата погледнете ТУКА.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk