[ВИДЕО] Се обиде да се спушти со „Мерцедес“ по Шпанските скали во Рим

Супермен

30/06/2025

14:39

826

Големина на фонт

а а а

Несекојдневно видео се шири по социјалните мрежи.

Го снимил вработен во хотел, мислејќи дека се снима сцена од некој акционен филм – токму како што било случај во некои претходни блокбастери како „Невозможна мисија“. Беше 4:30 наутро, а стар „Мерцедес“ А-класа полека се спушташе по славните Шпански скали во Рим.

Во еден момент, автомобилот заглави и остана на средина од скалите сè до утрото. Потоа беа повикани итните служби, по што се откри дека зад воланот бил осумдесетгодишен маж кој, од непознати причини, решил да тргне по скалите.

Постариот маж не бил под дејство на алкохол, а утврдено е и дека автомобилот не бил негов. Не е познато дали навигацијата го насочила на скалите или имало друга причина за неговата постапка. Среќа во несреќа е што никој не бил повреден и што не било забележано никакво оштетување на три века старите скали. Утрото, пожарникарите со дигалка го отстраниле возилото, а засега не е познато каква казна ќе добие возачот.

Ова не е првпат некој да се обиде да се симне со автомобил по овие скали. Во 2022 година, еден Саудиец беше обвинет за сериозно оштетување на културно наследство, откако безбедносни камери го снимиле како вози изнајмен „Масерати“ по скалите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk