Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, којшто моментално се разведува од тенисерката Ана Ивановиќ, пред неколку дена бил фотографиран како разменува нежности со новата девојка, па нивната врска повеќе не е тајна.
Бастијан Швајнштајгер веќе подолго време се гледа со жена по потекло од Бугарија, извесната Силва која исто така е венчана.
Претходно се пишуваше дека парот се запознал во училиште на Мајорка каде оделе нивните деца, а Силва и претходно била тема во јавноста.
Според пишувањата на германските медиуми, таа е родена во Америка, но течно говори и германски јазик. Мајка на две деца е, а нејзиното хоби е танцот во којшто ужива со танцовиот партнер, софтверскиот инженер Карлос С.
Германски „Bunte“ пишува дека таа со него одела на настаните за танцување и се забавувала повеќе од дозволеното, додека официјално била венчана, како и дека оваа афера траела шест месеци.
Меѓутоа, после одредено време Силва во 2023 година го пријавила Карлос во полиција поради вознемирување и уцени дека сѐ ќе му раскаже на нејзиниот сопруг. Поради тоа судот му одредил забрана за приоѓање на најмалку 300 метри додека трае истрагата.
Овој случај потоа се нашол пред судот за семејно насилство во Палм којшто три месеци подоцна, на 26 мај 2023 година наредил привремено запирање на случајот на барање на јавниот обвинител. Заклучокот бил дека немало доволно докази.
Силва сѐ уште е официјално во брак, а по аферата со Карлос следела врската со Бастијан Швајнштајгер.
Поранешниот фудбалер на Германската репрезентација од 2016 година е оженет со српската тенисерка Ана Ивановиќ со која има тројца синови.
Пред неколку месеци германските медиуми објавија дека парот се разведува, а потоа било откриено дека Швајнштајгер е во врска со Силва.
„Бастијан го поминува секој момент со неа, се запознаа на Мајорка. Нејзините деца одат во истото училиште во кое одат децата на Бастијан и Ана. Тука поранешниот фудбалер ја запознал Силва. Во еден момент станале блиски и неколку месеци подоцна следеше разделувањето на Бастијан и Ана“, открил за „Bild“ извор близок до семејството и додал дека Бастијан се преселил од семејниот дом и заминал на романтично патување во Мароко со љубовницата.