Водителката Маја Јама секогаш ќе најде да го привлече вниманието, без оглед на тоа какви фотографии ќе објави.
Маја Јама, која славата ја стекна како водителка на реалити програмата „Остров на љубовта“ е активен член на социјалните мрежи.
Таа редовно споделува фотографии од приватниот и деловниот живот, а неодамна имавме прилика да ја видиме во прегратка на ѕвездата на фудбалскиот клуб Манчестер Сити, Рубен Дијаз.
Сега оваа атрактивна девојка објавила компилација на атрактивни фотографии на социјалната мрежа Инстаграм, а вниманието го привлекле две од нив, онаа со шминка и онаа без шминка.
Како што се гледа, Маја прво го прикажува своето сексапилно издание кое го краси впечатлив црвен кармин, а потоа не се срамела да го покаже своето лице без грам шминка.
Специфичната убавина и природните црти на лицето ги красат и двете фотографии, па било тешко да се одлучи каде е поубава.
Како и да е – едно е сигурно, тешко е да го одвоите погледот од оваа неверојатна убавица.
Се согласувате ли?